• недела, 22 декември 2024

Лунин планира да го исполни договорот со Реал и да замине како слободен агент

Лунин планира да го исполни договорот со Реал и да замине како слободен агент

Мадрид, 21 август 2024 (МИА) - Голманот Андриј Лунин, кој доста активно се поврзуваше со излезен трансфер во текот на летниот преоден рок, планира да го исполни актуелниот договор, пишува шпанскиот весник „Спорт“.

Се очекува Лунин повторно да има споредна улога во тимот на Реал по целосното закрепнување и враќањето на Тибо Куртоа, а досега 25-годишниот Украинец не одговорил позитивно на понудата за долгорочно продолжување на договорот.

Официјални понуди за голманот нема и покрај подоцнежната желба на Мадрид да го продадат за околу 20-25 милиони евра.

Актуелниот договор на Андриј Лунин истекува за една година, што му дава можност од јануари 2025 година да бара нов тим и да добие значително повисок финансиски надомест како слободен агент. дс

Фото: Архива

Остани поврзан