Лукман: Покажавме дека можеме да се носиме со Реал
- Фудбалерот на Аталанта, Адемола Лукман ги искажа впечатоците од синоќешниот натпревар со Реал Мадрид (2:3) во натпреварот од 6. коло од Лигата на шампионите.

Бергамо, 11 декември 2024 (МИА) – Фудбалерот на Аталанта, Адемола Лукман ги искажа впечатоците од синоќешниот натпревар со Реал Мадрид (2:3) во натпреварот од 6. коло од Лигата на шампионите.
- Разочарани сме од резултатот бидејќи можевме повеќе, но и горди сме. Покажавме дека можеме да се носиме со шампионскиот тим. Секако, имаше моменти кога можевме да одиграме подобро, но верувам дека денеска рамноправно застанавме наспроти Реал Мадрид и тоа е важно за нашиот раст, изјави Лукман.
Реал Мадрид освои 9 бода и се искачи на 17. место во поредокот. Аталанта падна на 8. место со 11 бодови. зс/
Фото. ЕПА