• петок, 22 ноември 2024

Лукашенко: Путин вети помош ако затреба

Лукашенко: Путин вети помош ако затреба
Минск, 15 август 2020 (МИА) - Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека се договорил со неговиот руски колега Владимир Путин, за давање помош во случај тоа да биде потребно. Лукашенко рече дека се договорил со Путин дека на прво барање, Русија ќе обезбеди сеопфатна помош со цел да се обезбеди безбедноста на Белорусија. - Кога станува збор за воената компонента, Белорусија веќе има постоечки договор со Руската Федерација во рамки на Сојузна држава Русија и Белорусија и Организацијата Договор за колективна безбедност (ОДКБ). Овие моменти спаѓаат во тој договор. Затоа, и денеска долго разговарав со претседателот на Русија за моменталната состојба. Морам да кажам дека сум фасциниран од тоа колку тој е свесен за тоа што се случува, рече Лукашенко. ссм/ .

Остани поврзан