Лукашенко оди во посета на Москва
- Белорускиот претседател Александар Лукашенко ќе отпатува во Русија во посета за време на која ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Москва, 1 август 2025 (МИА) - Белорускиот претседател Александар Лукашенко ќе отпатува во Русија во посета за време на која ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Путин и Лукашенко ќе имаат неформален состанок за време на кој ќе разговараат за целиот спектар на билатералните односи, како и за меѓународни прашања, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-Путин и Лукашенко ќе имаат неформален состанок за време на кој ќе разговараат за голем број билатерални прашања, секако, трговски и економски врски и имплементација на проекти, како и меѓународни прашања, рече Песков. мс/
фото: ЕПА архива