• вторник, 19 ноември 2024

Лукашенко: Напаѓачите од Москва прво се обидоа да побегнат во Белорусија

Лукашенко: Напаѓачите од Москва прво се обидоа да побегнат во Белорусија

Минск, 26 март 2024 (МИА) - Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека напаѓачите кои во петокот убија повеќе од 130 луѓе во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија.

„Не можеа да влезат во Белорусија. Кога го сфатија тоа, ја променија рутата и тргнаа кон руско-украинската граница“, рече Лукашенко, според соопштението за печатот од белоруското претседателство.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека напаѓачите кои убија повеќе од 130 луѓе во концертна сала во близина на Москва се „радикални исламисти“.

Тој во текот на викендот појасни дека четворица од напаѓачите биле уапсени додека се обидувале да побегнат во Украина, а во тоа време не го спомна авганистанскиот огранок на терористичката група Исламска држава, ИСИС-К, која ја презеде одговорноста за нападот. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан