• понеделник, 23 декември 2024

Лукашенко во Москва на разговори со Путин

Лукашенко во Москва на разговори со Путин

Москва, 5 април 2023 (МИА) - Шефот на белоруската држава Александар Лукашенко денеска пристигнува во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА.   

Лукашенко и Путин ќе разговараат за „актуелни билатерални и меѓународни прашања“, се вели во соопштението на Кремљ.

Меѓу нив е и распоредувањето тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија веднаш на границата со Полска, како што најави Путин кон крајот на минатата недела.

Меѓународните прашања најверојатно ќе ја вклучуваат војната на Русија против Украина и пристапувањето на Финска во НАТО. паг/

Остани поврзан