• сабота, 10 август 2024

Лукашенко: Белоруската ПВО уништо дронови од Украина што го повредиле воздушниот простор

Лукашенко: Белоруската ПВО уништо дронови од Украина што го повредиле воздушниот простор

Минск, 10 август 2024 (МИА) -  Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денеска дека вооружените сили на Украина синоќа го нарушиле воздушниот простор на Белорусија и дека силите за воздушна одбрана уништиле неколку цели над територијата на Белорусија.

Тој додаде дека се претпоставува дека се работи за јуришни дронови.

Лукашенко изјави дека синоќа во 18 часот и 10 минути по локално време ВВС и ПВО на Белорусија се ставени на висока борбена готовност, јавија белоруските медиуми.Од ноќеска безбедносните сили се во потрага по остатоци од уништените дронови. 

Според Лукашенко, „околу десетина“ цели го нарушиле белорускиот воздушен простор во источниот регион Могилев што граничи со Русија. зш/

Остани поврзан