• недела, 24 ноември 2024

Лукаревска: Договорот со „Бехтел и Енка“ беше исторски криминал за ВМРО-ДПМНЕ, а сега ќе го реализираат

Лукаревска: Договорот со „Бехтел и Енка“ беше исторски криминал за ВМРО-ДПМНЕ, а сега ќе го реализираат

Скопје, 11 јули 2024

Додека ВМРО-ДПМНЕ беа во опозиција, за договорот со Бехтел и Енка, на големо кажуваа дека е историски криминал и дека е штетен. Се држеа и пресови, се одеше на терен, се крена голема прашина. Но, сега владата на Христијан  Мицковски ќе го реализра истиот договор со Бехтел и Енка. Се што зборуваа падна во вода, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на гостувањто во дебатната емисија 24 Анализа.

-Ако тоа било исторски криминал за кој обвинуваше ДПМНЕ  и според нив се работело нелегитимно, како тоа истиот Договор го реализираат? додаде таа.

Лукаревска се осврна и на Преспанскиот договор, за кој рече дека благодарение на одлуките на СДСМ, денес Македонија е рамноправна членка на НАТО алијансата.

-Благодарение на тој Преспански договор, во Вашингтон е сегашниот премиер и Владата како дел од НАТО самитот. А целата  кампања на ДПМНЕ се движеше во делот на преговарачката рамка и Преспанскот договор и ветуваа на граѓаните дека ќе ги менуваат. Денеска велат дека Преспанскиот договор е нашата реалност. СДСМ носеше државнички одлуки и ова е потврда за исправноста на тие одлуки, рече пратеничката Сања Лукаревска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан