• недела, 19 мај 2024

Луис Хамилтон и официјално потпиша за Ферари

Луис Хамилтон и официјално потпиша за Ферари

Маранело, 1 февруари 2024 (МИА) - Скудерија Ферари вечерва објави дека Луис Хамилтон ќе се приклучи на тимот во 2025 година, со повеќегодишен договор.

Седумкратниот шампион се сели во Скудерија и покрај договорот што го потпиша  минатото лето со Мерцедес.

Британецот во договорот имал клаузула која му дозволува да си замине на крајот на оваа година.

- Мерцедес-АМГ ПЕТРОНАС Ф1 Тимот и Луис Хамилтон ќе се разделат на крајот од сезоната 2024 година. Луис ја активираше опцијата за ослободување во договорот објавен минатата година, споделија на Твитер од тимот од Штутгарт. дс

Фото: Твитер/Мерцедес АМГ ПЕТРОНАС

Остани поврзан