Лорис по рекорден 100. пат капитен на Франција
- Голманот на Франција, Уго Лорис учествуваше на пријателскиот натпревар против Велс (3:0) синоќа во Ница. Триесет и четиригодишниот голман на Тотенхем го одигра 100-от натпревар како капитен н

Ница, 3 јуни 2021 (МИА) - Голманот на Франција, Уго Лорис учествуваше на пријателскиот натпревар против Велс (3:0) синоќа во Ница. Триесет и четиригодишниот голман на Тотенхем го одигра 100-от натпревар како капитен на „Триколорите“ соборувајќи го рекордот на националниот тим.
Актуелниот селектор на француската репрезентација, Дидие Дешамп е на второто место според овој показател, има 54 натпревари со капитенската лента.
Лорис игра за Франција од 2008 година, досега има 124 натпревари. зс/