Лорис го собори рекордот на Тотенхем за најмногу настапи во Премиер лигата
- Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис се најде во стартниот состав за денешниот натпревар од второто коло на шампионатот во Англија против Вулверхемптон.

Вулверхемптон, 22 август 2021 (МИА) - Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис се најде во стартниот состав за денешниот натпревар од второто коло на шампионатот во Англија против Вулверхемптон.
За 34-годишниот голман, ова е 300-ти меч во англиската Премиер лига. Французинот стана рекордер по број на настапи на лондонскиот клуб во Премиер лигата.
Лорис во Тотенхем е од 2012 година. Претходно бранеше за Лион и Ница. За француската репрезентација има одиграно 129 натпревари. зс/