Лоренцо Браун надвор од терените до декември
- Лоренцо Браун ќе биде надвор од теренот уште неколку недели. Кошаркарот заработи повреда на ногата на 14 октомври на натпреварот против Баерн. Неговото закрепнување е одложено.
Милано, 30 октомври 2025 (МИА) - Лоренцо Браун ќе биде надвор од теренот уште неколку недели. Кошаркарот заработи повреда на ногата на 14 октомври на натпреварот против Баерн. Неговото закрепнување е одложено.
Според последните извештаи, Браун ќе биде надвор од теренот уште неколку недели и веројатно нема да се врати до декември.
Милано има биланс 2-5 по првите седум кола во Евролигата и е на претпоследното место во елитната кошаркарска лига.
Милано исто така е без повредените напаѓачи Зак ЛеДеј и Џош Нибо.
Вечер од 20:30 часот Милано ќе го пречека Париз во 8. коло. зс/
Фото: ЕПА