• среда, 25 декември 2024

Лоренс Фишбурн: Не ме поканија за „Матрикс 4“

Лоренс Фишбурн: Не ме поканија за „Матрикс 4“
Лос Анџелес, 18 август 2020 (МИА) - Лоренс Фишбурн за „Њујорк магазин“ потврди дека не бил поканет од продукцијата на „Матрикс 4“ за да биде дел од филмот. - Не ме поканија. Тоа можеби ќе ме поттикне да напишам некое друго сценарио. Им посакувам сѐ убаво. Се надевам, филмот ќе биде одличен, изјави Фишбурн. Тој во првите три дела од приказната го глумеше Морфиус, и вели дека би му било драго луѓето да го запомнат најмногу по оваа улога. Другите двајца од славното „Тројство“ - Кијану Ривс и Кери-Ен Мос ќе ги повторат своите улоги и во четвртиот дел. „Матрикс 4“е во фаза на снимање. Сценариото и режијата се на Лана Вачовски. Други познати имиња меѓу глумците се: Пријанка Чопра, Нил Патрик Харис, Џејда Пинкет Смит, Џонатан Гроф и други. Првото прикажување на филмот е закажано за 1 април 2022 година. си/сд/

Остани поврзан