Лопетеги се повлече од тренерската функција на Вулфс пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата
- Хулен Лопетеги се повлече од функцијата менаџер на премиерлигашот Вулверхемптон.

Лондон, 9 август 2023 (МИА) - Хулен Лопетеги се повлече од функцијата менаџер на премиерлигашот Вулверхемптон.
Во британските медиуми се посочува дека одлуката за раскинување на договорот е донесена со заеднички договор двете страни.
Претходно беше објавено дека 56-годишниот шпански тренер е незадоволен од состојбата на тимот пред почетокот на новата сезона во најквалитетната фудбалска лига во Англија.
Лопетеги е на чело на Вулфс од ноември 2022 година. На крајот од минатата сезона, тимот под негово водство го зазеде 13. место во Премиер лигата со 41 бод на 38 натпревари. зс/
Фото: ЕПА