• понеделник, 20 мај 2024

Лопетеги би можел да го замени Чаби Алонсо во Баер Леверкузен

Лопетеги би можел да го замени Чаби Алонсо во Баер Леверкузен

Леверкузен, 9 февруари 2024 (МИА) - Баер Леверкузен е заинтересиран да го повика Јулен Лопетеги за тренер од следната сезона.

Според „Релево“, германскиот клуб размислува за шпански стручњак да го замени Чаби Алонсо, кого Ливерпул сака да го придобие. Сепак, Баер се уште нема добиено одговор од Лопетеги.

По 20 кола, Баер е водечки во Бундеслигата со 52 бода.

Претходно беше објавено дека Лопетеги, кој моментално нема ангажман, одбил трансфер за голема плата во Саудиска Арабија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан