• понеделник, 03 март 2025

Лондон: „Нема договор“ за предлогот за делумно примирје во Украина

Лондон: „Нема договор“ за предлогот за делумно примирје во Украина

Лондон, 3 март 2025 (МИА) - Франција и Велика Британија не се договорија за план за делумно примирје за Украина, изјави денеска британски министер, откако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека тоа било предложено од двете нации.

„Не е постигнат договор за тоа како да изгледа примирјето“, изјави министерот за вооружени сили Лук Полард за радиото Тајмс.

Претставник на британската влада, исто така, изјави дека „не е договорено едномесечно примирје“. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан