• среда, 18 декември 2024

Лондонски Хитроу го укинува дневниот лимит за патници

Лондонски Хитроу го укинува дневниот лимит за патници
Лондон, 3 октомври 2022 (МИА) - Лондонскиот аеродром „Хитроу“ соопшти дека ги информирал авиокомпаниите дека подоцна овој месец ќе го укине дневниот лимит за патници на своите терминали, објави Волстрит журнал. Аеродромот во јули ги ограничи полетувањата на патниците на 100.000 дневно, а во август го продолжи лимитот до 29 октомври, во обид да ги ограничи редиците, доцнењето на багажот и откажувањето на летовите додека патничкиот сектор се обидуваше да закрепне. Портпаролот на „Хитроу“ рече дека „ограничувањето резултираше со помалку откажувања во последен момент, подобра точност и пократко чекање на багажот“. „Нашиот фокус отсекогаш беше на отстранување на ограничувањето што е можно побрзо - но тоа ќе го сториме само ако сме убедени дека додавањето на повеќе патници нема да го намали нивото на услуга што ја обезбедува ограничувањето“, рече портпаролот.
Авиокомпаниите и аеродромите ширум Европа тешко се справуваа со опоравувањето по затворањето поради коронавирусот, при што многу не можеа да ангажираат доволно персонал за пријавување и багаж. паг/  

Остани поврзан