• четврток, 04 декември 2025

Локалните власти информираат за еден загинат во Русија, повредени во Украина

Локалните власти информираат за еден загинат во Русија, повредени во Украина

Москва/Киев, 4 декември 2025 (МИА) – Додека продолжуваат меѓународните дискусии за можни патишта за ставање крај на војната во Украина, борбите на терен не покажуваат знаци на смирување, пренесува ДПА.

Во рускиот регион Белгород, еден маж загина од украинско гранатирање во селото Гора-Подол, соопшти гувернерот на областа Вјачеслав Гладков.

Во меѓувреме, Русија ги продолжува нападите во војната што ја почна пред повеќе од три и пол години.

Во руски ракетен напад врз Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, синоќа е повредена една жена, соопштија официјални лица. Вкупно четири лица беа пријавени како повредени во текот на денот како резултат на руски напади.

Во Славјанск во регионот Доњецк, осум лица се повредени во руски напад, напиша гувернерот Вадим Филашкин на Телеграм. Руските сили фрлиле девет бомби врз градот во текот на денот, од кои една погодила станбена зграда, рече тој.

Украина се брани од руска инвазија од февруари 2022 година. Како дел од својата одбранбена кампања, таа исто така гаѓа цели во Русија. Сепак, загубите во Русија во никој случај не се споредливи со последиците од војната на Москва врз Украина. јт/сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан