• понеделник, 01 јули 2024

Локализиран пожарот на пругата кај селото Дељадровци

Локализиран пожарот на пругата кај селото Дељадровци
Скопје, 10 август 2021 (МИА) - Противпожарниот воз и екипите на македонските Железници го локализираа и ставија под контрола пожарот на пругата кај скопското село Дељадровци, на коридорот десет. -Од пожарот се оштетени 400 прагови кои ќе бидат променети  во најбрз рок. Се става уште еден државен ресурс во справување со пожарите, изјави за МИА Хари Локвенец, директор на Железници и инфраструктура. Противпожарниот воз и дежурната екипа остануваат на терен, за да се спречи повторно активирање на пожарот.бт/са/

Остани поврзан