Лога: Кралството Шпанија е еден од најголемите подржувачи на европскиот пат на земјава
- Кралството Шпанија е еден од најголемите подржувачи на европскиот пат на нашата земја, истакнал министерот за правда Кренар Лога на средбата со неговата шпанска колешка Мариа Пилар Лоп Куенка во рамки на Министерскиот форум за правда ЕУ-Западен Балкан, кој годинава се одржува во Скопје.
Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Кралството Шпанија е еден од најголемите подржувачи на европскиот пат на нашата земја, истакнал министерот за правда Кренар Лога на средбата со неговата шпанска колешка Мариа Пилар Лоп Куенка во рамки на Министерскиот форум за правда ЕУ-Западен Балкан, кој годинава се одржува во Скопје.
-На мојата колешка министерката за правда на Кралство Шпанија, Мариа Пилар Лоп Куенка и се заблагодарив што го избраа Скопје и нас како партнери за најважната организација за Западен Балкан и ЕУ. Во континуитетот на нашите заеднички напори за приближување на земјата кон ЕУ, разговаравме за процесот на реформи и сите предизвици со кои се соочуваме. Министерката за правда на Шпанија ja информирав за проектите и законските решениjа во правосудниот систем, а разговаравме и за извештајот од оценсла комисија кој ќе ги исцрта насоките по кои ќе се движиме наредниот период, нагласил Лога.
Главна тема на денешната средба бил процесот на дигитализација во правосудство.
- Работиме на изнаоѓање на најсоодветни решенија, преку користење на најдобрите искуства и со директна помош од нашите пријатели за овој важен пројект, истакнал Лога и потенцирал дека правната држава и владеењето на правото се главните столбови на едно деморкатско европско општество, за што остануваме сериозно посветени во овие важни моменти за европската иднина на нашата земја. дма/са/
Фото:Министерство за правда