• среда, 15 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

„Лов на дива свиња“ премиерно во МНТ на 19 јули

„Лов на дива свиња“ премиерно во МНТ на 19 јули

Скопје, 11 јули 2025 (МИА) - Во Македонскиот народен театар, на малата сцена, на 19 јули премиерно ќе биде изведена претставата „Лов на дива свиња“ од црногорската современа писателка Марија Сарап, во режија на Наташа Поплавска.

Изведбата е во рамки на фестивалот „Скопско лето“.

По потпишувањето на Меморандумот за соработка, претставата ќе се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје.

Во претставата учествува актерска екипа од двете земји: Ана Стојановска, Искра Ветерова - Славенска и Мина Јелушиќ-Јериниќ од Македонија, како и Ѓоргије Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора. Премиерната изведба во Подгорица, Црна Гора, е планирана за септември.

Претставата е дел од Националната програма за култура за 2025 година и финансиски е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и од Градот Подгорица, Црна Гора, како и од неколку македонски компании и ресторани. мч/вг/

фото: НУ Македонски народен театар

Остани поврзан