Ловрен може да ја продолжи кариерата во Рома
- Клубот од Рим е заинтересиран за услугите на 30-годишниот Хрват и сака да го искористи фактот дека неговиот договор со Англичаните истекува летото 2021 година.
Рим, 13 мај 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен, може да се пресели во Рома за време на летниот преоден рок, пренесува „Скај Спортс“.
Клубот од Рим е заинтересиран за услугите на 30-годишниот Хрват и сака да го искористи фактот дека неговиот договор со Англичаните истекува летото 2021 година.
Ливерпул може да се согласи да го продаде играчот сега за да не го изгуби без пари следната година.
Во сезоната 2019/20, Ловрен одигра 14 натпревари за Ливерпул, има 1 гол и 1 асистенција.
Порталот „transfermarkt.com“ го проценува Хрватот на 16 милиони евра.