• понеделник, 23 декември 2024

Ли: Севернокорејскиот лидер најверојатно е повреден при лансирање на ракета

Ли: Севернокорејскиот лидер најверојатно е повреден при лансирање на ракета
Сеул, 27 април 2020 (МИА) - Поранешен претставник на Работничката партија на Кореја, Ли Џеонг-хо, кој пребега од Северна Кореја, изјави дека е можно севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се повредил при лансирање на ракета и поради тоа мистериозно исчезнал. Ли во текст објавен за јужнокорејскито весник „Донг-а Илбо“ истакнува дека Ким морал да биде доволно здрав за да одобри тестирање на ракета на 14 април, но оти при тоа можно е да е повреден. Во извештаите за тесирањето го немаше Ким, а не беа објавени и фотографии од лансирање на ракетата и тренингот на борбените авиони, што укажува на можноста од неочекуван инцидент, што би можел да биде предизвикан од отпадоците или оган, посочива Ли. Тој додаде дека тестирањето не би можело да биде извршено без одобрение од Ким. Ли ја отфрла и можноста Ким да е во кома по неуспешната операција на срце. Малку е веројатно да се точни информациите дека Ким се лекува во болницата Маунт Мајохајанг, бидејќи неговиот лекарски тим е во Пјонгјанг, истакнува Ли. Од минатата недела светските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Ким е нарушена, а многумина шпекулираа и дека починал. Тој не се појавил во јавност од 11 април, а според некои информации, му била извршена операција на срце и е во лоша здравствена состојба. ми/

Остани поврзан