• понеделник, 23 декември 2024

Ли: И покрај пандемијата, годишниот раст на кинеската економија ќе изнесува шест отсто

Ли: И покрај пандемијата, годишниот раст на кинеската економија ќе изнесува шест отсто
Пекинг, 5 март 2021 (МИА) - Кинескиот премиер Ли Кечијанг денеска најави дека и покрај неизвесноста со пандемијата со Ковид-19, што ја потресе глобалната економија, поставена е цел - шест проценти економски раст. - Кина годинава и понатаму ќе биде соочена со многу развојни ризици и предизвици, истакна Ли на почетокот на годишната пленарна седница на Националниот народен конгрес. Тој додаде дека економските основи кои ќе го поддржат долгорочниот раст остануваат непроменети. Кинеската економија во 2020 година забележа раст од 2,3 отсто, за разлика од поголемиот број на земји кои отидоа во рецесија. На седницата присуствуваат 3.000 пратеници. ми/

Остани поврзан