Приведен 28-годишен кумановец за издржување затворска казна
- Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од три години и четири месеци.
Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) - Полицијата приведе 28-годишен кумановец за издржување затворска казна.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 00:15 часот, полициски службеници од СВР - Куманово го лишиле од слобода М.С..
- Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од три години и четири месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Идризово“ за издржување на казната, соопштија од МВР. бд/са/
Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерство за внатрешни работи