Лишен од слобода 23-годишник во Куманово за превезување огревно дрво без документација
- При преглед на товарно моторно возило „ивеко“, без регистарски ознаки, што тој го управувал, утврдено било дека превезувал огревно дрво без соодветна дозвола.
Скопје, 1 август 2025 (МИА) - Младо лице било лишено од слобода синоќа во 22 часот за превезување огревно дрво без документација.
Како што соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР - Куманово лишиле од слобода 23-годишник од село Арачиново, затоа што при преглед на товарно моторно возило „ивеко“, без регистарски ознаки, што тој го управувал, утврдено било дека превезувал огревно дрво без соодветна дозвола.
Тој бил приведен во полициска станица, како што истакнаа од МВР, по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. бд/вј/
Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерство за внатрешни работи