• петок, 05 декември 2025

Приведен штипјанец, пијан управувал со возило

Приведен штипјанец,  пијан управувал со возило

Скопје, 23 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип утрово во 02.40 часот, го лишиле од слобода Х.П.(71), информираа денеска од МВР.

- При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Штип е сопрено патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. цр/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан