• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Лишен од слобода скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Скопје, 7 јули 2025 (МИА) -  Полициски службеници од СВР Скопје вечерва на територија на Ѓорче Петров го лишиле од слобода Д. Н. (57) од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на ул. „Стево Црвенковски” во Ѓорче Петров.

Како што соопшти МВР, Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријавил во СВР Скопје, а полициски службеници веднаш презеле мерки и активности и сторителот е лишен од слобода. 

По документирање на случајот, против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан