Реконструирани се терените за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и ограда на кејот на Вардар кај Маџир Маало
- - Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети. Уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење и уредување, со цел реката повторно да тече во своето природно, достоинствено корито, а просторот околу неа да стане вистинска урбана вредност. Денес, овој дел од градот добива нова димензија - функционален, модерен и динамичен јавен простор, отворен за сите генерации - посочува градоначалникот на Скопје.
Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Обновените спортски терени на кејот на Вардар, на потегот кај Маџир Маало, денеска беа пуштени повторно во употреба. Реконструирани се терените за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и ограда.
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски и министерот за спорт Борко Ристовски ги посетија обновените терени, а Ѓоргиевски на својот профил на Фејсбук пишува дека тоа се места кои повторно се враќаат на граѓаните како центар на рекреацијата, спортот и дружење.

- Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети. Уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење и уредување, со цел реката повторно да тече во своето природно, достоинствено корито, а просторот околу неа да стане вистинска урбана вредност. Денес, овој дел од градот добива нова димензија - функционален, модерен и динамичен јавен простор, отворен за сите генерации - посочува градоначалникот на Скопје.
Инвестирањето во спортот значи инвестирање во иднината, во здрави млади генерации, во дисциплина, дух на победа и во силно општество, вели Ѓоргиевски заблагодарувајќи му се на Ристовски за поддршката и партнерскиот пристап. ев/вј/
ФОТО: Ѓоргиевски Фејсбук