Лишен од слобода крадец во Скопје, расчистени пет кривични дела
- Во Скопје полициски службеници од СВР Скопје денеска лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Скопје поради основано сомнение за сторени пет кривични дела “тешка кражба” на територија на Скопје, соопштија денеска од МВР.
Скопје, 28 мај 2025 (МИА) - Во Скопје полициски службеници од СВР Скопје денеска лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Скопје поради основано сомнение за сторени пет кривични дела “тешка кражба” на територија на Скопје, соопштија денеска од МВР.
СВР Скопје против малолетникот поднел кривична пријава до ОЈО Скопје по член 236 од КЗ, а судија од Основен кривичен суд му определи мерка притвор од 30 дена, по што е спроведен во КПУ Затвор Скопје. цр/
Фото: МИА архива