• четврток, 26 март 2026

Лишен од слобода крадец во Кавадарци, следува соодветна пријава

Лишен од слобода крадец во Кавадарци, следува соодветна пријава

Кавадарци, 10 октомври 2025 (МИА) - Лишен е од слобода крадец во Кавадарци, следува соодветна пријава, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

-Денеска во 12:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Л.С. (44) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.10.2025 во 14:30 часот извршил „разбојничка кражба". Имено, тој се сомничи дека одзел производи кои биле поставени пред продажен објект во Кавадарци, по што бил забележан од вработена во маркетот. Таа се упатила кон него да ги земе производите, но тој ја нападнал со остар предмет, кој му го одзела, по што физички ја нападнал и побегнал. Л.С. е задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан