• петок, 05 декември 2025

Приведен косовски државјанин, пренесувал облека од познати марки без документација

Приведен косовски државјанин, пренесувал облека од познати марки без документација

Скопје, 16 мај 2025 (МИА) - На автопатот  Куманово-Скопје, во близина на влезот на Куманово, вчера околу 04.10 часот полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ при претрес на автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, пронашле повеќе парчиња разновидна облека од познати трговски марки за кои немало документација.

Од МВР денеска соопштија дека автобусот бил управуван од турски државјанин, а сообраќал на релација Турција - Бугарија - Македонија - Косово.

- При прегледот на патниците, кај М.Ш.(36) од Косово биле пронајдени повеќе парчиња разновидна облека од познати трговски марки за кои не поседувал документација. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР Куманово, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан