• четврток, 26 март 2026

Лишен од слобода жител на село Рајчицa поради предизвикување пожар

Лишен од слобода жител на село Рајчицa поради предизвикување пожар

Дебар, 24 јули 2025 (МИА) - Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на село Рајчица, поради предизвикување пожар.

-Вчера во 12 часот, полициските службеници, во атарот на дебарското село Рајчица, од слобода го лишија Ѓ.Ѓ.(59) од истото село кој се сомничи дека, истиот ден околу 10 часот, предизвикал опожарување на неговата нива лоцирана во истото село, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Според него повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Ова е втор ваков случај, по оној кога, деновиве во село Долно Косоврасти, дебарско полициски службеници ја лишија од слобода А.Х. (43) поради предизвикување пожар на сува трева.

И во овој случај била неопходна интервенција од Територијалната противпожарна единица. 

Четиринаесетте пожарникари на оваа единица, кои интервенираат во оваа и општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше,  годинава имаат многу повеќе интервенции споредено со истиот период минатата година. Интервенирале во над 60 случаи, повеќето од нив пожари на отворен простор.вт/свс

Фото: МИА

Остани поврзан