Лишен од слобода државјанин на Република Грција, во неговото возило се пронајдени цигари и тутун без документација
- На паркинг во меѓупросторот на Граничен премин Богородица, утрово во 00.10 часот полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(55) од Република Грција, кој бил затекнат како во патничко возило „ауди а6“ со германски национални ознаки става поголема количина цигари.
Скопје, 6 мај 2025 (МИА) - На паркинг во меѓупросторот на Граничен премин Богородица, утрово во 00.10 часот полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(55) од Република Грција, кој бил затекнат како во патничко возило „ауди а6“ со германски национални ознаки става поголема количина цигари.
МВР денеска соопшти дека при контрола на возилото било констатирано дека регистарските таблички биле одјавени и припаѓале на друго возило, додека во возилото биле пронајдени 276 штеки различни видови цигари и 20 пакувања тутун без документација. Инаку, во претходниот период, посочија од МВР, во содејство со Царинската управа се преземени оперативни мерки и е констатирано дека возилото се користи за криумчарење на акцизна стока.
- Известен е јавен обвинител, возилото и цигарите се одземени, а лицето е спроведено во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 378 - „фалсификување исправа“ и по член 278 – „криумчарење“ од Кривичниот законик, соопшти МВР. цр/лв/
Фото: МИА архива