• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода возач од тетовско, управувал возило со брзина од 190 км на час  на место каде што е дозволено 80 км на час

Лишен од слобода возач од тетовско, управувал возило со брзина од 190 км на час  на место каде што е дозволено 80 км на час

Скопје, 21 јуни 2025 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско.

Како што сопшти МВР, при сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.  

Лицето било  приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”. ац/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан