Лишен од слобода возач од кавадаречко, возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло
- Рано изутринава на улица „Вишешница“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.Ѓ.(39) од село Ресава, кавадаречко, кој управувал со моторно возило под дејство на алкохол и поминал на црвено светло.
Скопје, 3 јули 2025 (МИА) - Рано изутринава на улица „Вишешница“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.Ѓ.(39) од село Ресава, кавадаречко, кој управувал со моторно возило под дејство на алкохол и поминал на црвено светло.
-На улица „Западен булевар“ во Кавадарци, тој управувајќи патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, поминал на црвено светло, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.54 промили алкохол во крвта, информираат денеска од МВР.
В.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“. сст/дма/
Фото: МИА архива