• четврток, 26 март 2026

Приведен возач кој вчера удрил пешак во центарот на Скопје

Приведен возач кој вчера удрил пешак во центарот на Скопје

Скопје, 3 јули 2025 (МИА) - Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 11:00 часот на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје, каде патничко возило удрило во пешак.

Како што информира денеска МВР,  возило марка „пежо 207“ со скопски регистарски таблички, управувано од П.А. (48) од Скопје, удрило во 65-годишниот К.К., исто така од Скопје.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана медицинска помош.

Возачот е лишен од слобода, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан