• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода возач во Демир Хисар со 1.58 промили алкохол во крвта

Лишен од слобода возач во Демир Хисар со 1.58 промили алкохол во крвта

Скопје, 9 јули 2025 (МИА) - Полицијата од Демир Хисар лиши од слобода возач од село Бучин крушевско кој управувал возило под дејство на алкохол, а најавена е и кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Од МВР соопштија дека вчера вечер во 20:35 часот на улицата „Битолска“ во Демир Хисар, од страна на полициски службеници од ОВР Демир Хисар е лишен од слобода Б.М.(59) од с. Бучин, крушевско.  При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда” со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал Б.М.,  и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.

По документирање на настанот, од полицијата најавуваат дека ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило“. бк/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан