• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана

Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана

Битола, 16 јули 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 17-годишник од Битола, кај кого била пронајдена дрога.

Од СВР-Битола информираат дека при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето било приведено во полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мт/сст/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан