• среда, 17 декември 2025

Лишен од слобода битолчанецот за кој беше предложена мерка притвор

Лишен од слобода битолчанецот за кој беше предложена мерка притвор

Скопје, 11 јули 2025 (МИА) - Лишен е од слобода осомничениот 42-годишен битолчанец кој вчера во „Новиот пазар“ во Битола се обидел да лиши од живот едно лице, информира МВР.

-На 10.07.2025 полициски службеници од СВР Битола на ул.„Генерал Васко Карангелески”  во комплекс „Нов Пазар” во  Битола го лишиле од слобода К.С.(42) од Битола. Истиот ден Ј.С. (70) од Битола во СВР Битола пријавил дека настанала расправија околу местоположба на тезга со А.Б. (55) од Битола, кој физички го нападнал. Подоцна, според пријавеното, дошол и К.С. (син на Ј.С.) и со остар предмет му нанел повреди на А.Б.. Со возило на Итна медицинска помош Битола А.Б. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, наведува МВР.

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.С. за сторено кривично дело „обид за убиство“ по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. мч/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан