Лишен од слобода албански државјанин поради нудење поткуп
- Полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево, вчера во 15:45 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Горица“, го лишиле од слобода албанскиот државјанин С.М.(51), кој на полициските службеници им понудил пари како поткуп со цел, да не преземаат службени мерки против него.
Скопје, 12 јули 2025 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево, вчера во 15:45 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Горица“, го лишиле од слобода албанскиот државјанин С.М.(51), кој на полициските службеници им понудил пари како поткуп со цел, да не преземаат службени мерки против него.
Како што соопшти денеска МВР, ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднело кривична пријава, по што С.М. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка. дма/сст/
Фото: МИА архива