• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода албански државјанин на ГП „Блато“, понудил поткуп на полицаец

Лишен од слобода албански државјанин на ГП „Блато“, понудил поткуп на полицаец

Дебар, 8 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ кај Дебар, Регионален центар за гранични работи Запад, од слобода лишиле албански државјанин, кој понудил поткуп.

Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска во 9:15 часот, од слобода е лишено лицето Д.А.(30) од Хотеш, Република Албанија.

-Тој, при влез на македонска територија со патнички автомобил „фолксваген шаран“, со албански регистарски ознаки, во кој превезувал уште четири други албански државјани, на полицискиот службеник  кој вршел гранични проверки за влез во државата, во личните и сообраќајните документи, му оставил пари, информираше Димоски.

Додаде дека по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. вт/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан