• недела, 02 март 2025

Лишени од слобода тројца кавадарчани, во обид да крадат од плантажа на компанија

Лишени од слобода тројца кавадарчани, во обид да крадат од плантажа на компанија

Кавадарци, 2 март 2025 (МИА) - Лишени од слобода биле тројца млади кавадарчани кои со употреба на алат се обиделе да крадат од плантажа на компанија, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.  

- Вчера во 12.50 часот полициски службеници од ОВР - Неготино ги лишиле од слобода Б.В.(25), А.В.(19) и Ѓ.К.(25) сите од Кавадарци, затоа што кај место викано Лепово, неготинско, на плантажа во сопственост на правно лице, со употреба на алат се обиделе да украдат предмети. Б.В., А.В. и Ѓ.К. биле приведени во полициска станица, а предметите со кои го извршувале делото, кај нив биле пронајдени и одземени. По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР - Велес. 

Синоќа пак во 19.45 часот, како што информираа од СВР - Велес, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го привеле кавадарчанецот  М.М.(65),  затоа што на улица „Ило Костов“ во градот, го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување кон минувачите. По документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.свд/бт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан