Лишени од слобода дрвокрадци во скопско, дрвата и возилото се одземени
- Како што соопшти денеска МВР, при преглед во возилото пронајдени се огревни дрва, без документација. А.К. и А.И. се приведени и возилото и дрвата се одземени. Известена е шумската полиција и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Скопје, 2 јуни 2025 (МИА) - Полициски службеници од ПО Мирковци и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера околу 18:10 часот во скопското село Горњани, сопреле патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К. (26), а сопатник во возилото бил А.И.(25), двајцата од село Блаце, скопско.
Како што соопшти денеска МВР, при преглед во возилото пронајдени се огревни дрва, без документација. А.К. и А.И. се приведени и возилото и дрвата се одземени. Известена е шумската полиција и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/сст/
Фото:МВР