• четврток, 19 декември 2024

Лишени од слобода две лица, уценувале скопјанец со видеа со експлицитна содржина

Лишени од слобода две лица, уценувале скопјанец со видеа со експлицитна содржина

Скопје, 24 мај 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје денеска ги лишија од слобода Т.С.(18) и С.С.(46) од Скопје (син и татко) поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“, предвидено и казниво по член 259 од КЗ на РСМ.

На 20.05.2023 Т.С. побарал од 21-годишен скопјанец пари заканувајќи се дека доколку не му даде пари, ќе објави видеа од 21-годишниот скопјанец со експлицитна содржина. Оштетениот на 23.05. му дал пари на Т.С., но тој потоа продолжил со јавувања и барал уште пари, по што оштетениот го пријавил случајот во СВР Скопје.

Откако на оштетениот му се дадени претходно крим технички обработени пари, тој се договорил со Т.С. парите да му ги предаде пред трговски центар на бул. „К.Ј. Питу“. Т.С. дошол заедно со својот татко С.С. и откако ги земале парите, веднаш се лишени од слобода од полициски службеници од ЕНК при СВР Скопје и во службен разговор го признале кривичното дело. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 од КЗ.лв/ев/

Остани поврзан