• четврток, 26 март 2026

Лишени од слобода две лица во Кавадарци, возеле под дејство на алкохол 

Лишени од слобода две лица во Кавадарци, возеле под дејство на алкохол 

Кавадарци, 3 јануари 2026 (МИА) - Две лица биле лишени од слобода утринава во Кавадарци, возеле под дејство на алкохол, информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Во 1:30 часот во градот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишија од слобода А.О., на возраст од 28 години од село Рожден, Кавадаречко. При сообраќајна контрола на улицата „Љубашка“ во Кавадарци е сопрено патничко возило „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР Велес. 

Во 3:20 часот во градот, полициски службеници го лишиле од слобода С.П., на возраст од 39 години од Кавадарци.

-При сообраќајна контрола на улицата „Миле Вчков“ во градот е сопрено патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,70 промили алкохол во крвта, додадоа од СВР - Велес.

По целосно документирање на случаите, како што потенцираа оттаму, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. свд/хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан