Лишени од слобода двајца прилепчани, фатени при кражба од црква
- На 18.07.2025 во 04.35 часот на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп.
Скопје, 18 јули 2025 (МИА) - На 18.07.2025 во 04.35 часот на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп.
Како што информираат од МВР, тие биле затекнати како од метално сандаче за доброволен прилог од црква вршат кражба. Тие се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. свс/вг/
Фото: МИА архива