• четврток, 26 март 2026

Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

Скопје, 18 април 2025 (МИА) - На граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица синоќа во 19.30 часот забележале пет лица при обид илегално да ја преминат државната граница.

Како што соопшти МВР, притоа, од слобода биле лишени Л.Ј.(35) и 17 - годишник од Кина и У.К.(23) од Авганистан, додека две лица го напуштиле местото. Набргу, по преземени мерки и активности, а поради сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 - Б од Кривичниот законик, исто така, во близина на граничната линија биле лишени од слобода Д.Т.(32) и 49 - годишната В.Т., двајцата од Гевгелија. Во нивна близина биле пронајдени мобилни телефони кои биле подигнати за понатамошна постапка, а тие биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. вг/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан