• петок, 05 декември 2025

Лишени од слобода двајца кавадарчани, едниот не застанал на полициско „стоп“ и се обидел со возилото да удри полицаец 

Лишени од слобода двајца кавадарчани, едниот не застанал на полициско „стоп“ и се обидел со возилото да удри полицаец 

Кавадарци, 4 јуни 2025 (МИА) - Лишени од слобода биле синоќа двајца кавадарчани. Едниот не застанал на полициско „стоп“ и се обидел со возилото да удри полицаец, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  

- Синоќа во 20:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода А.Т.(38) и С.С.(39), двајцата од Кавадарци. Во Росоман полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал А.Т., а сопатник бил С.С., но А.Т. не застанал и со возилото се обидел да удри полициски службеник. По преземени мерки лицата се пронајдени, при што кај С.С. се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, нож и други предмети, појаснија од СВР Велес. 

Како што додадоа оттаму, тие биле задржани во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе била поднесена соодветна пријава. свд/мд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан