• четврток, 21 ноември 2024

Лицето кое вчера рани со нож четворица случајни минувачи во Урошевац бил осуден за убиство на сопругата

Лицето кое вчера рани со нож четворица случајни минувачи во Урошевац бил осуден за убиство на сопругата

Приштина, 12 ноември 2024 (МИА) – Косовската полиција соопшти дека денеска го уапсила лицето кое вчера со нож нападна и рани четворица случајни минувачи во косовскиот град Урошевац, јави дописникот на МИА од Приштина.

Извори од косовското обвинителство изјавија за медиумите дека осомничениот напаѓач бил порано казнет на 15 години затвор за убиство на неговата сопруга.

Во одделни напади што се случија вчера попладне на три локации во близина на центарот на Урошевац, вооружен маж рани две 10-годишни девојчиња и двајца мажи на околу 30-годишна возраст.

Ранетите се пренесени во ургентниот центар во Урошевац, а едно од девојчињата, кое се здобило со потешки повреди, е однесено во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово во Приштина, од каде што денеска информираа дека е приклучена на апарати, но состојбата ѝ е стабилна и е надвор од животна опасност.

Полицијата веднаш по нападот уапси 59-годишен маж за кого се сомневаше дека го извршил нападот, но подоцна објави дека се испоставило оти истиот е невин и е пуштен од притвор, а денеска го уапсила лицето за кое вели дека има основани сомневања дека е сгторителот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан